Лефков: Има ли некој кој уште го сфаќа сериозно Пендаровски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Пендаровски нема еден став кој го кажал и задржал. Додека власта на СДС и ДУИ зад сцена преговараа со Бугарија, Пендаровски глумеше патриот и ја замајуваше јавноста. Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија. Тој отиде и чекор понатаму и кажа дека е вон памет да се разговара за било каква промена на устав или анекс на договорот со Бугарија.

— реклама —

Не само што Бугарија побара промена на Уставот, а владата и Пендаровски прифатија, туку истите активно се вклучија во кампања да ја убедуваат јавноста зошто треба да се промени Уставот.

— реклама —

Пендаровски лично е главен застапник на идејата за промена на Уставот, и лично кажа дека токму тој е човекот кој го преговарал анексот како што сам го нарекува, т.е. бугарскиот диктат.

— реклама —

Кога Пендаровски лажеше кога тврдеше дека вон памет е да се менува Уставот или сега кога е главен лобист за промена на Уставот?

Има ли Пендаровски став кој не го погазил? Останал ли човекот автентичен во нешто друго освен во лагата?

И самиот Стево Пендаровски знае дека лаже, манипулира и нема достоинство. И самиот Пендаровски е свесен дека нема да биде избран повторно, затоа што народот не поддржува политичари кои манипулираат со националните чувства и ги распродаваат.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, вели Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya8894b8tpa6n0ad3YrS

Лефков објави документ: „Филипче планирал мигрантски центар во Бардовци“

Македонија | пред 1 месец

apasiev-sobranie

Завојуваа Лефков и Апасиев, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја спомена сопругата на лидерот на Левица

Македонија | пред 5 месеци

lefkov

Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда, а целта им е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски кои се единствена брана на македонските интереси

Македонија | пред 6 месеци

lefkov05042021

Лефков: Ограбена држава - Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања