Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Лефков: Ограбена држава - Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
lefkov05042021

,,Ограбена држава - Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони.

— реклама —

Како што веќе објавивме фирмата Еверест ЏД на Ахмети во период од 2016 до 2023 како концесионер на каменолом платила за 1.617.894 денари помалку за концесиски надоместок, од тоа што требало. Ова нема да било возможно без сега веќе обвинетите неколку лица вработени во Министерството за Економија под капа на Крешник Бектеши.

— реклама —

Важно е да се напомене дека оваа фирма на Ахмети лиценцата за експлоатација на минерални суровини ја добила во 2005 година, исто така во време на влада на СДС и ДУИ.

— реклама —

За 11 години потоа исто во време на СДС и ДУИ, кога со Министерството за економија раководи кадар на ДУИ истата да може да експлоатира минерални суровини, без прецизно да ги наведе количините кои се ископани, а со тоа и да плати помалку кон Буџетот.

Очигледно е дека пипците на Ахмети оделе длабоку, па за непречено да работи Дрин, да копа колку сака, и плати колку сака, а не толку колку што мора, својата службена положба ја злоупотребиле Ф.Ч. (54) од Дебар, Е.Љ. од Теарце-Тетово, Ј.К. од Тетово, А.М. од Скопје, К.Ш. од Скопје, Ф.А. од Куманово, и Ф.Р. од Скопје. Истите заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата”, се гонат по чл.353-в од КЗ.

Доколку горенаведените постапеле согласно закон, концесијата за експлоатација на Дрин Ахмети требало да биде одземена, а тој да биде изведен пред суд по пријава на самото министерство. Но како министерството на Крешник Бектеши да го гони внукот на Ахмети, кој таму го поставил?

Ова е моделот како СДС и ДУИ работеа со институциите, не за граѓаните, туку за своите семејства и блиски. Одговорност за ова мора да има, за никогаш да не се повтори.”, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

apasiev-sobranie

Завојуваа Лефков и Апасиев, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја спомена сопругата на лидерот на Левица

Македонија | пред 3 месеци

lefkov

Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда, а целта им е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски кои се единствена брана на македонските интереси

Македонија | пред 4 месеци

Mile-Lefkov-30.01.2022

Лефков: Филипче да одговори, каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија?

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Лефков: Филипче да каже од кои пари е изградена милионската хациенда на Водно, и дали тие средства се поврзуваат со државни тендери

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања