Промени тема
Контакт

Лефков: Заев и Филипче се врзуваат со згради, авиокомпании, фирми и јахти – дали парите се од продажбата на името на Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarygckl97mlsesgelKCcAB

Во јавноста неодамна излегоа вести и фотографии од декласифицирани документи, според кои првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, во 1992 година одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името на државата. Пратеникот Миле Лефков на прашање на новинарите каков е неговиот став во врска со ова, го поврза случајот со поранешната влада на СДСМ.

„Ова е навистина едно значајно прашање кое  отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај.

— реклама —

И тоа е сосем легитимно прашање кое треба јавно да биде одговорено од ова дуо, бидејќи како прво, станува збор за прашање од важност за државата и за граѓаните, и како второ, ако земале пари, тоа се пари кои што се земени од нелегални активности и треба да се одговара за истото.

— реклама —

Да потсетиме дека овие двајца се врзуваат со згради во Дубаи,со индиски авиокомпании, со фирми на Балканот, јахти и така натаму. Дали парите им се заработени од продажбата на името на Македонија се трошат на ваков начин  и за колку пари го продале ако го сториле истото?

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага од надлежните институции за ова најголемо национално предавство“, вели Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfp25jhtgimhs0uVbyWP

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library24ubprpnhmtlb1oaiUB

(Видео) Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

Лефков: Филипче и „лојалистите“ повторно се вратија на политиката на поделби

Македонија | пред 1 месец

media-library3i537g3oi4o39L2SJDh

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда, СДС, ДУИ и Левица го попречуваат изборниот процес

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања