Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Јавната обвинителка Ленче Ристоска поднесе оставка, оценувајќи дека нема услови за независно и принципиелно извршување на функцијата. Таа вели дека работејќи на високопрофилни случаи се соочувала со институционални и лични опструкции, притисоци и влијанија. Како клучни причини ги наведува отфрлањето на нејзината претставка од Советот на јавни обвинители и одлуката да ѝ се одземат овластувања за застапување во важни предмети, што според неа носи ризици за случаи со висока корупција и криминал.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Јавната обвинителка Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата, наведувајќи дека повеќе не постојат услови за независно и принципиелно извршување на обвинителската должност.

— реклама —

Во своето обраќање, Ристоска посочува дека обвинителската функција ја доживувала како повик и можност за подобрување на системот, но дека во текот на кариерата се соочувала со сериозни опструкции – институционални и лични.

— реклама —

Целото обраќање преку соопштение:

— реклама —

„Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи.

Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците по мојата кариера.

Сите тие напори сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност спрема влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе биде јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните.

Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал.

Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција.

Бидејќи не гледам простор за работа, ниту во перспектива како би можела да делувам во согласност со моите принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител. Искрена благодарност на сите кои ја препознаа и поддржаа мојата посветеност и борба“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjeifrmc3923n0xTSp1W

Потпишан колективен договор меѓу судската администрација и Кривичен суд: Тие се тивка и суштинска поддршка

Македонија | пред 2 дена

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 3 дена

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања