Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не гледа простор за зголемување на платите во судството и обвинителството, но е подготвена да разговара за подобрување на ресурсите и условите за работа.

Тој посочи дека веќе е одобрен план за нови вработувања во судовите, со цел зајакнување на капацитетите на судската администрација.

— реклама —

„Во делот на платите не гледам простор за зголемување, но во делот на ресурсите и алатките секако дека може да разговараме, не само со обвинителството туку и со судовите“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Премиерот информира дека ќе бидат вработени 200 лица во судовите низ државата, главно судски соработници и административен кадар.

„Тие сами ја изработија систематизацијата и планот, добивме допис, истиот беше одобрен, а средствата се обезбедени од Министерството за финансии“, додаде тој.

— реклама —

Во однос на барањата за повисоки плати, Мицкоски нагласи дека тие мора да се разгледуваат во поширок контекст на платите во државата.

— реклама —

„Не гледам простор за зголемување на платите, особено ако се земе предвид нивото на платите генерално во државата. Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да“, потенцираше премиерот.

Изјавата доаѓа по барањето на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за зголемување на буџетот на обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjeifrmc3923n0xTSp1W

Потпишан колективен договор меѓу судската администрација и Кривичен суд: Тие се тивка и суштинска поддршка

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања