Промени тема
Контакт

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library6p0n8v0htbrmbewPaAu

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска по повод Илинден положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Во делегацијата беа и членовите на Централниот комитет на Левица, Дејан Димовски и Виторио Зафировски.

— реклама —

Од Левица соопштија дека АСНОМ претставува најголемата обврска преземена пред идните поколенија, оценувајќи дека асномците не се бореле само за својата генерација, туку и за иднината на Македонија.

„Секоја генерација има свое историско прашање – дали ја оставила државата посилна отколку што ја наследила?“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението Левица оценува дека во изминатите три децении македонската политика повеќе ја исцрпувала државата отколку што ја градела, при што, според нив, суверенитетот се намалувал, а достоинството станало предмет на дневни политички преговори.

— реклама —

Од партијата додаваат дека споменот на двата Илиндена останува жив кај македонскиот народ и претставува водечки идеал врз кој, како што наведуваат, ќе се зачува и заштити Републиката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library5sn0ddvncrmo4qMaB9k

Поддршка за најмладите во Илинден: Секое прваче ќе добие по 3.000 денари и училишен ранец

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryqsoc5bqeo1js8Cs5TJ7

СДСМ: Делегација предводена од претседателот Филипче положи свежо цвеќе на споменикот на илинденците на Мечкин Камен

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvmp1hk92vba87mk89CX

Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците

Македонија | пред 3 седмици

media-library2ob5ok17j3ns3cXvhsB

СДСМ: Делегација предводена од Филипче положи цвеќе на споменикот „Слива“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања