Промени тема
Контакт

Левица бара протерување на бугарскиот амбасадор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Simonov-pres

„Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа 'северномакедонски'. Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава“, вели координаторот на Сектор за надворешна политика на Левица, Александар Симонов.

Тој додава:

— реклама —

За ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја.

За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО.

— реклама —

Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица:

1. Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија;

— реклама —

2. Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира;

3. Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН;

— реклама —

4. Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски“,

5. Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

Левица прифати учество на трибината на „Платформата 12:05“, Мециновиќ објасни зошто

Македонија | пред 5 дена

media-libraryrqn72k27hqpv5A4I6qH

Остварена средба на Крмов со претставници од Европскиот парламент - дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи

Македонија | пред 6 дена

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд без постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања