Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денес, преку група студенти претставувани од Генералниот секретар на Црвена Младина Марија Ванчева, поднесовме тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител поради непостапувањето на Министерството за образование во врска со законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, велат од Левица.

— реклама —

„Претходно, студентите поднесоа формален приговор до МОН, барајќи исплата на законски усогласениот износ и надоместување на финансиската штета предизвикана од тригодишното непочитување на законот. Избегнувајќи ја суштината на барањето, Министерството достави допис во кој известува дека започнало разговори со претставници на студентските собранија. Наместо да ја исполни законската обврска, Весна Јаневска повторно ја префрли одговорноста на состаноци и разговори, без да донесе конкретна одлука за кршењето на правата на студентите.

— реклама —

Левица со месеци предупредува дека студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари, иако законот предвидува негово усогласување со инфлацијата. Поднесовме и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, со кој предложивме износот да се утврдува во висина од 1% од минималната плата, правото да важи за сите студенти, како и отстранување на ограничувањата и дискриминаторските критериуми во постојниот систем.

— реклама —

Со поднесената тужба до Управниот суд бараме судот да го испита незаконското постапување на МОН и да обезбеди заштита на законските права на студентите, додека со претставката до Народниот правобранител бараме да го испита непостапувањето на Министерството и да преземе мерки во рамките на своите надлежности. Студентите не смеат да останат без правна заштита само затоа што Министерството реши да ја игнорира својата законска обврска!

— реклама —

Во услови кога Мицкоски се чувствува повикан да ги брани професорите од „непристојните“ студенти, но не најде за потребно да ги брани студентите од сопствената Влада која три години им ги крати законски загарантираните средства, ги повикуваме двете институции да постапат итно и да не дозволат административното избегнување одговорност да продолжи на штета на студентите. Бараме утврдување на повредата на законските права, спроведување на обврската за инфлациско усогласување и надоместување на финансиската штета што студентите ја трпат поради неисполнувањето на законот“, се вели во соопштението.

media-library258ope7dfgapaFAytDZ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 5 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

Левица: Во ек на хаосот со АЛТА банка, Владата на ДПМНЕ го намалува буџетот за финансиско разузнавање за 1,7 милиони денари 

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања