Промени тема
Контакт

„Левица има јавен договор со Мицкоски“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ преку соопштение ја обвини Левица дека делува во интерес на власта и дека наместо да биде дел од опозицијата, му помага на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение, СДСМ оценува дека Левица повторно ја има улогата на „сателитска партија“ на власта, обвинувајќи ја дека ги напаѓа опозициските партии и ги попречува обидите за опозициско обединување.

Од СДСМ тврдат дека Левица не е вистинска опозиција, посочувајќи дека се спротивставува на членството во НАТО и на европската интеграција, иако, според нив, мнозинството граѓани ги поддржуваат овие стратешки определби.

— реклама —

Партијата наведува дека постои јавна соработка меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека претставници на Левица имале средби со Мицкоски, како и дека нивни пратеници останале во собраниската сала во момент кога останатиот дел од опозицијата ја напуштил седницата по, како што велат, навредите од премиерот.

— реклама —

„Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се тврди и дека Левица е создадена за да ја разединува опозицијата, да го напаѓа СДСМ и да обезбедува поддршка за власта кога тоа е потребно.

— реклама —

„Левица не е опозиција. Таа е продолжена рака на Мицкоски“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека граѓаните, според нив, веќе ја препознале таквата улога на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 23 часа

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања