Промени тема
Контакт

Левица: Изјавите на Амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-19-3770PM

,,Третирањето на Македонија како субјект поданички подреден на западниот неоимперијализам предводен од САД, домашните политички вазали го позиционираа како норма на поведение. Неретко слушаме како амбасадорите на некои од земјите членки на ЕУ, а најчесто на т.н. „стратешки партнер“ ја злоупотребуваат својата моќ и влијание и излегувајки надвор од ингеренциите за кои се ополномоштени и акредитирани и грубо се вмешуваат во внатрешните работи на земјава. Влијанието кое го вршат врз политичките одлуки, најчесто, се прави преку повикување на интеграционите процеси или некакви вредности и доаѓаат во фаза на наложување како државата да се однесува по одредени внатрешни и, речиси, севкупни надворешни прашања и интереси.

Вазалската подреденост на СДСМ ги сруши државните позиции по клучните национални прашања и стратешки интереси. За жал, новата власт предводена од ДПМНЕ продолжува да води идентична вазалска политика како нејзините претходници. Изминативе денови имавме прилика да слушнеме неколку изјави на Амбасадорката на САД кои ги нарушуваат националните интереси и позици на државата и на македонскиот народ, но истите не само што не наидоа на соодветна реакција од државната власт и беа игнорирани, туку и добија дополнителен легитимитет со тоа што новите функционери, наместо најавеното „фаќање“ за работа, го „фатија“ патот право во Амбасадата на САД!

Амбасадорите на ниту една земја не смеат да даваат насоки ниту јавно, ниту позади затворени врати, за тоа какви решенија треба да донесуваат нејзините министри или пратеници. Давањето изрични изјави во форма на наредба (па дури и закана), за државните политики е директно вмешување во внатрешните работи. Во една демократска земја, власта суверенитетот го влече од народот, не од странските амбасади!

— реклама —

Ваквиот колонијален менталитет што наѕира уште во првите денови од управувањето со државниот апарат, покажува дека Владата нема да ги спроведува политиките за кои беше избрана, туку ќе ги следи насоките од одредени амбасади што од демократска, нè прави амбасадократска држава.

— реклама —

Освен ова, конкретните изјави на амбасадорката на САД Агелер, не само што го нарушуваат суверенитетот како еден од столбовите на демократскиот поредок во државата, туку и претставуваат директно поткопување на македонските национални интереси, особено ако се земе предвид дека се однесуваат на внатрешното уредување, Уставот како највисок правен акт и македонскиот идентитет.

Левица ги повикува Владата на ДПМНЕ и МНР за секоја ваква изјава да возвратат со соодветна реакција и да не дозволат ова да продолжи како пракса, без разлика за тоа амбасадор на чија земја ја има дадено истата.

— реклама —

Апелираме до секој акредитиран дипломатски кор во земјава да не излегува од ингеренциите предвидени со меѓународното право, да се воздржи од изјави кои го нарушуваат државниот суверенитет или претставуваат какво било мешање во внатрешните работи на Македонија, вклучувајќи ја и амбасадорката на САД - Анџела П. Агелер!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ВМОР-ДПМНЕ мисли дека народот е идиот - итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Правдата во Македонија бавно доаѓа, но и да дојде, прашање е дали ќе опстои - осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор“, вели Левица

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, вели Левица

Македонија | пред 1 седмица

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Седуммина починати за едно лето - западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а Институтот за јавно здравје го прекина неделното информирање за епидемијата

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања