Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Левица ја повика власта да обезбеди кворум на седницата за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryvcvvj1utob7f7vIZYcI

Пред денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, партијата Левица јавно побара од пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат и да овозможат одржување на расправата за трагедијата во Кочани, која се случи пред девет месеци.

— реклама —

Од Левица потсетуваат дека во периодот по настанот Собранието не усвоило ниту една суштинска мерка во врска со случајот, поради што, како што велат, институциите имаат обврска да покажат „сериозност и одговорност“ кон семејствата и јавноста. Според партијата, досегашното одложување на расправата испратило порака на недоволна институционална чувствителност за последиците и прашањата што ги отвори трагедијата.

— реклама —

Одржувањето на седницата зависи од присуството на членовите (или нивните заменици) на Комисијата од редовите на владејачкото мнозинство. Меѓу нив се: Александар Велјановски, Миле Лефков, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Бране Петрушевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Фериде Хаџиу и Весна Бендевска.

— реклама —

Левица смета дека присуството на пратениците е неопходно за Собранието да ја исполни својата надзорна улога и да се обезбеди транспарентен процес. Партијата предупреди дека евентуално ново одложување би било дочекано како продолжување на опструкциите и како сигнал дека институциите не покажуваат подготвеност да ја расчистат одговорноста за случајот.

— реклама —

Од страна на владејачкото мнозинство засега нема официјална реакција во врска со барањето на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: ДПМНЕ ги одби сите наши амандмани за безбедноста, Армијата и контролата на јавните средства

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Дали Обвинителството ќе ја прошири истрагата кон судијката-тетка на насилникот Корабоски, Гордана Билеска, за која се сведочи дека се обидела да влијае врз доказите?

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара - кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Кој го штител насилникот од “угледна“ вмровска фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“, велат од Левица

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања