Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Левица: Минималната плата е под прагот на сиромаштија — сиромашни се 30 отсто од децата во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
299917758_610582814115905_5041131958077706406_n

Партијата Левица реагира на најновите податоци на Државниот завод за статистика за сиромаштијата во Македонија за 2024 година, според кои стапката на сиромаштија изнесува 21,9 проценти, а речиси 30 проценти од децата живеат под прагот на сиромаштија. Во соопштението се наведува и дека 45,8 проценти од самохраните родители се сиромашни.

— реклама —

Од Левица оценуваат дека состојбата претставува резултат на „долгогодишен економски модел кој го потценува трудот“, а не на, како што велат, надворешни фактори. Во соопштението се наведува и дека 7,9 проценти од вработените живеат под прагот на сиромаштија, што партијата го интерпретира како недоволна заштита на работниците.

— реклама —

Посебен фокус партијата става на семејствата со повеќе деца, каде што според статистиката 54,8 проценти живеат во сиромаштија. Левица смета дека државните политики недоволно ги поддржуваат овие домаќинства.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека дебатата за минимална плата од 500 евра е „надмината“, бидејќи, според партијата, прагот на сиромаштија за четиричлено семејство е над 31.000 денари месечно. Левица смета дека минималната плата треба да биде изедначена со трошоците за основен животен стандард и критикува дека економските аргументи против повисок минимален доход се „политички, а не економски“.

— реклама —

Како можни решенија, партијата предлага прогресивно оданочување, јакнење на колективното договарање и активни социјални мерки насочени кон ранливите категории граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Дали Обвинителството ќе ја прошири истрагата кон судијката-тетка на насилникот Корабоски, Гордана Билеска, за која се сведочи дека се обидела да влијае врз доказите?

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара - кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Кој го штител насилникот од “угледна“ вмровска фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Додека цените на храната рушат рекорди, а народот останува гладен, ДПМНЕ нѐ убедува дека сѐ е бајковито во третата европска економија

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања