Промени тема
Контакт

Левица на средба со рускиот амбасадор: „Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1MqE3-thumbnail-480473830-1206264234189972-3348208358297800186-n

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, вчера, остварија средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.

— реклама —

„На средбата се разговараше за неопходноста од повторно воспоставување нормални односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, кои во изминатиот период беа сведени на минимум, како резултат на несуверената надворешна политика на македонските власти, водена од туѓи интереси и надворешни влијанија што доаѓаат од колективниот Запад“, велат од Левица.

— реклама —
— реклама —

Пратениците на Левица потенцираа дека Република Македонија треба да води суверена и независна надворешна политика, ослободена од диктатите на ЕУ и НАТО.

— реклама —

Истакната беше потребата од укинување на сите политички наметнати ограничувања што го попречуваат економскиот, енергетскиот и културниот развој на Македонија, преку стратешка билатерална соработка со Руската Федерација. Односите меѓу двата братски народа, велат од Левиц, не смеат да бидат заложници на геополитичките игри на западните центри на моќ, туку истите треба да се развиваат врз основа на заеднички интереси, историски врски и заемно почитување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања