Промени тема
Контакт

​​​​​Левица поднесе Закон за кривична одговорност на судиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-02-07-121148

Амар Мециновиќ - портпарол на Левица и пратеник во собранието, одржа прес-конференција по однос на поднесениот предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик, со којшто Левица предлага воведување на кривична одговорност на судиите:

— реклама —

„Предлагаме по членот 353 в, да се додаде нов член и наслов 353 г, кој гласи 'Кршење на законот од страна на судии'. Кривичното законодавство на Република Македонија, како континуитет на СФР Југославија, со цел спречување на корупцијата и незаконското работење во судството, се до 1996 година го криминализираше незаконското работење на судиите во судовите. Од 1996 година, до денес, декриминализацијата ја доведува во прашање гарантираната заштита на граѓаните при остварувањето на своите права.

— реклама —
— реклама —

Предолго никој не поднесува одговорност за тоа што граѓаните го мислат, а јавноста го артикулира и носи погубни резултати. Не може ние да имаме доверба во судството од 2%, а сите три нивоа на власт ништо да не прават во однос на тоа. Овој закон не е против судството, туку против корупцијата во судството. Правниот систем, како и политиката се гнили од корупција. Политиката и судиите во спрега имаат создадено систем кој создава апсолутна несигурност, егзеистенцијална и правна за нашите граѓани.

— реклама —

Со овој предлог закон сметаме дека ќе има позитивни последици. Повеќе нема да има пресуди нарачани од бизнис и политички структури. Граѓаните ќе добијат правна сигурност. Секој што ќе биде оштетен од незаконска пресуда, ќе знае дека судијата што го оштетил ќе одговара. Пред се, ќе покажеме дека никој не е над законот.“, кажа Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања