Промени тема
Контакт

Левица повикува на протест поради нереконструирање на патот на смртта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-06-20-113407

Ограноците на Левица од Богданци и Гевгелија ги повикуваат граѓаните на протест во недела (26.06.2022) во 18.00ч на регионалниот пат Р1109.

„Регионалниот пат Р1109, од Гевгелија до Богданци, е во катастрофална состојба. Поради тоа истиот не е безбеден за сообраќај, а како резултат на тоа само во последните пет години на истиот во сообраќајни несреќи животот го загубија десетина луѓе.

— реклама —

Патот воедно е и причинител на огромни материјални штети по автомобилите на нашите сограѓани кои секојдневно возат по овој пат.

Надлежна институција за реконструкција на овој пат е Јавното претпријатие за државни патишта кое е основано и е под контрола на Владата на Република Македонија.

— реклама —

Од Општина Гевгелија и Општина Богданци, на чија територија се наоѓа овој државен пат, има три пратеника во Собранието на Република Македонија. Две се пратеничките Драгица Ѓавочанова-Пратеник и Марија Костадинова од СДС, а третата пратеничка е Ангелинка Петкова од опозиционата ДПМНЕ.

Апелираме до нив да не спијат и да одработат нешто за нивните сограѓани кои им доверија пратенички мандат. На нив како пратенички сите врати од сите државни институции им се отворени и воопшто нема да им биде тешко да излобираат за реконструкција на овој пат. Ова особено важи за пратеничките од СДС од чии гласови директно зависи опстанокот на оваа власт под чија контрола е Јавното претпријатие за државни патишта.

— реклама —

Во Годишниот план за работа на ЈП за државни патишта за 2022 година веќе е предвидена реконструкција на овој пат. Но половина година помина, а од рекoнструкцијата уште ништо.

Затоа сограѓани, Ве повикуваме на протест во недела со цел да ги разбудиме нашите пратенички и да ја потсетиме власта и надлежното јавно претпијатие да си ја завршат домашната задача и да го реконструираат овој пат. Со таа цел денес и беа поставени транспарентите на патот.

Протестот ќе се одржи на патот Р1109, на раскрсницата помеѓу Ѓавато, Богданци и Стојаково, пред бензинската пумпа Шимов“, информира Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarythv2nadl92kt0CWfIPV

Прифатен амандман на Левица: Нема да се бришат одредбите за санација на еколошките жешки точки

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Груби излегува од куќен притвор - дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече

Македонија | пред 11 час

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно - што ли договори Муцунски во Софија

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања