Промени тема
Контакт

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Sobranie-zgrada

Пратеничката група на Левица поднесе амандман кон Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кој бара 600.000 евра да се наменат за обезбедување престој и сместување за жртвите на семејно насилство.

— реклама —

Во Македонија постојат само 11 шелтер центри, од кои дел се руинирани, неопремени, нефункционални, со крајно ограничени капацитети кои никако не можат да одговорат на растечкиот број на жртви на семејно насилство за кој државата мора итно да преземе мерки.

— реклама —

Економската зависност и необезбедениот кров над глава претставуваат најголемите и најсуштински пречки за жртвите да го напуштат насилниот дом и да започнат нов, безбеден живот. Многу жени жртви на семејно насилство се целосно или делумно финансиски зависни од насилникот, без или со недоволно лични приходи за да можат самостојно да ги поднесат високите трошоци за живот. Ова особено значи дека тие немаат пристап до средства за изнајмување или купување на сопствен дом, ниту пак имаат сопствен имот кој би можеле да го искористат како основа за нов почеток. Во вакви услови, изборот да останат во насилната средина не е им е вистинскиот, пожелен избор, туку примораност, велат во партиското соопштение.

Посочуваат дека без конкретна финансиска поддршка и обезбедено домување, жртвите остануваат во зачаран круг на насилство со сериозни последици врз нивното физичко и психичко здравје, како и врз децата што растат во таква средина.

— реклама —

-Овој амандман на Левица е и директен одговор на обврските кои државата ги има согласно Истанбулската конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кои предвидуваат дека државата мора да обезбеди мерки и финансии кои би значеле помош за нов почеток и закрепнување на жртвата, вклучувајќи го и домувањето.

Апелираме до сите пратеници во Собранието да го поддржат овој амандман и да покажат дека безбедноста и животот на жртвите на семејно насилство се над партиските интереси. Особено упатуваме порака до владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ дека оваа тема не трпи ароганција и каприц! Не смееме да дозволиме економската немоќ и немањето кров над глава да бидат причина за фатален крај, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarythv2nadl92kt0CWfIPV

Прифатен амандман на Левица: Нема да се бришат одредбите за санација на еколошките жешки точки

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Груби излегува од куќен притвор - дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно - што ли договори Муцунски во Софија

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања