Промени тема
Контакт

Левица со амандмани бара изградба на „Чебрен“ и гасификација на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

„Иако премиерот Мицкоски најави дека изградба на когенеративни централи што ќе произведуваат електрична енергија на гас, во Предлог-Буџетот, кој е веќе влезен во собраниска процедура, средства за ваква намена не се предвидени“, велат од Левица.

— реклама —

„Оттука, пратеничката група на Левица поднесе низа амандмани на Предлог-Буџетот, токму во насока на унапредување на домашните капацитети за производство на електрична енергија и за ефективно намалување на енергетската зависност на државата, како и за изградба на првично потребната инфраструктура за гасификација на Македонија.

— реклама —

Со еден од предлог амандманите на пратеникот Амар Мециновиќ, се бара одвојување на средства за конечно отпочнување на изградба на енергетски капиталниот хидроцентралата „Чебрен“. Со овој конкретен амандман, парите предвидени за наоружување ќе се пренасочат за првата фаза на изградбата на стратешкиот проект Чебрен. Потсетуваме дека премиерот Мицкоски, под притисок на експертската фела, ретерираше од неговите првични ставови за изградба на овој проект од страна на приватен инвеститор и токму Мицкоски во опозиција најавуваше дека државата мора да го гради ваквиот капитален енергетски проект.

— реклама —

Со друг амандман пак, поднесен од страна на пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, се предлага зголемување на средствата во потпрограмата определени за гасификација, затоа што првично предвидените средства во Предлог-буџетот воопшто не соодејствуваат со описот и целите наведени во потпрограмата. Пратеникот Реџеп Исмаил дополнително поднесе амандман со кој се предлагаат средства за активирање на домашните рудни капацитети за јаглен со подземна експлоатација на рудникот „Живојно, чии количини би овозможиле непречено работење на РЕК Битола во наредниот период, со што ќе се спречи евентуално покачување на цената на струјата поради увозот на скап јаглен од соседството.

— реклама —

Распродавањето на природните ресурси, давањето под концесија на националните води и либерализацијата на пазарот ги прави македонските граѓани кираџии во сопствената куќа. Стратешките индустриски капацитети, особено во енергетскиот сектор, мора да бидат во државна сопственост, затоа што суверенитетот на секоја држава произлегува и од самата енергетска независност“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања