Промени тема
Контакт

Левица со кривична против пратеникот Велјановски, го нарекуваат „насилник“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-12-at-10.27.57

Левица поднесе кривична пријава за Александар Велјановски од ДПМНЕ за кривично дело - Несовесно работење во службата, казниво по чл. 353 - в, од Кривичниот законик. Причината е тоа што насилникот Велјановски го прекрши Деловникот на Собранието и го прекрши уставното и законско право на говор на пратениците на Левица во однос на расправата за Законот за царинска управа.

— реклама —

„Ова се случи кого мнозинството поднесе измени на Законот за царинска управа, со кои се предвидува уште дополнително заменик-директорско место, коешто требаше да ги задоволи апетитите на коалицијата. Односно, покрај директорското место договорено за ДПМНЕ и заменик-директорското за ВРЕДИ, да се обезбеди уште една ваква позиција за да се задоволат апетитите на ЗНАМ.

— реклама —
— реклама —

Левица тогаш поднесе 2673 амандмани. Согласно Деловникот, матичната комисија и Законодавно-правната комисија, пратениците имаат рок за расправа од по три дена од отворањето на расправата. Но, спротивно на Деловникот, претседателот на Законодавно-правната комисија од ДПМНЕ Велјановски, кој воедно е и човекот кој во Собранието имаше обид физички да се пресмета со Димитар Апасиев, одлучи расправата да трае само петнаесет минути.

— реклама —

И покрај тоа што со новиот Деловник, практично е невозможно да се блокираат штетните закони од коалицијата на власт, насилникот Велјановски одлучи да го ускрати дури и правото на пратениците од опозицијата да го искажат своето мислење и образложат амандманите. Очекуваме институциите да се одважат по оваа пријава, затоа што во спротивно, ова би било поддршка за насилничкото носење на закони од власта, без никаква политичка или институционална контрола“, вели Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања