Промени тема
Контакт

Левица со нов Предлог-закон: Кривични дела сторени од функционери да не застаруваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

Пратеничката група на Левица денес предложи измени во Кривичниот законик со кои цела плејада на кривични дела поврзани со злоупотребата на службената должност никогаш да не застаруваат.

— реклама —

-Маѓепсаниот круг на неказнивоста и корупцијата за политичката и бизнис елита мора да се столчи со драстични измени. Ова го правиме како коректив на она што во минатиот мандат претставуваше еден од најсрамните денови за законодавната власт во Република Македонија. Тоа е кога минатата власт на СДС и ДУИ, со обезбеден кворум од ВМРО-ДПМНЕ, драстично ја намали казнената политика и периодот на застарување на кривичните дела, со цел на исполнување на интересите на неказнивоста на политичката и бизнис елитата во Македонија, истакна пратеникот и потпарол на партијата Амар Мециновиќ.

— реклама —

Драстичното намалување на казните и роковите на застареност влијае и во истрагата на немилиот настан во Кочани, каде најмалку ќе бидат опфатини оние кои треба да бидат опфатени и нема да бидат изречени казни на вистински начин, како што треба да бидат изречени. Намалувањето на казните, според Левица, е најгрубо легализирање на неказнивоста, амнестија за политичката и бизнис елита и отворена врата за корупцијата да продолжи да цвета.

-Измените кои денес ги предлагаме предвидуваат отпор кон интересите на корумпираната елита. Имено, со измените предлагаме застарувањето на делата да биде дуплирано. Па така, оние кои треба да бидат стигнати од правдата, независно од моментот кога ќе биде откриен кривичниот чин, да бидат процесуирани на вистински начин и правдата да биде задоволена, истакна Мециновиќ.

— реклама —

Во измените на Кривичниот законик Левица предлага и додавање на кривични дела во категоријата дела кои не застаруваат, а се однесуваат на дела од економскиот криминал и злоупотреба на службената положба. Во делата кои не застаруваат предлагаат да се додаде злоупотребата на службената положба како еден од најголемите проблеми со кои се соочува македонското општество и политичкиот систем.

— реклама —

-Со ова сметаме дека ќе се спречи свесното одолговлекување на судските процеси со што дополнително се спречува неказнивоста. Затоа ова не е технички предлог, ова е директен удар врз корупцијата. Очекуваме дека пратениците во Собранието ќе имаат доблест да покажат дека нема веќе да се кријат зад законските норми. И, дека ќе застанат на страната на граѓаните и правдата и ќе престанат да ги бранат интересите на политичката и бизнис елитата на која припаѓаат, рече Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања