Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Левица со предлог за намалување на патарините за 50%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-6740PM

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ денес на прес-конференција соопшти дека пратеничката група на Левица поднела предлог за измена и дополнување на Законот за јавните патишта со цел намалување на патарините за 50% и сведување на оваа тема на законска материја:

„Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални тендери.

— реклама —

Само во 2023 година државата наплатила 62 милиони евра од патарини, со што Македонија е меѓу земјите со најскапи патарини во регионот и на континентот.

Со просечна цела од приближно 2,6 денари од изминат километар, со патничко возило од Б – категорија.

— реклама —

За илустрација, еден штипјанец доколку работи во Скопје на годишно ниво плаќа 1.200 евра додека кај еден Австриец на годишно ниво плаќа 100 евра за користење на сите автопатишта во неговата држава” - истакна пратеникот Мециновиќ.

„Затоа, Левица поднесува изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, со што предвидуваме две клучни измени:

- Првата измена е патарините да се намалат за 50% - со овој Закон, износот што го плаќа народот за користење на патиштата ќе биде намален за половина, за сите категории на возила и

- Втората клучна измена е тоа што висината на патарината и нивната наплата, за првпат ќе бидат регулирани со Закон, наместо со Правилник на Владата, затоа што сега, оваа материја се регулира со Правилник на Владата, а не со Закон” - појасни пратеникот од Левица.

„Сметаме дека ова ќе воведе транспарентност во носењето на одлуките поврзани со патарините, затоа што досега власта можеше кога ќе посака да ги зголемува патарините без никаква контрола.

Зошто е ова важно? Додека Министерствата се преполни со криминални шеми на делење на милионски тендери, народот е оставен да плаќа за нивните глупости.

Го повикуваме Собранието веднаш да го усвои овој Закон, а за јавноста посочуваме дека од позиција на одлучување, Левица би вовела вињета систем за нашите патарини” - заклучи Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

„Полицајците со истрошени униформи поради коруптивните тендери на Тошковски“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Премиерот може да ја менува реториката но, сметката за струја ја кажува вистината“, велат од Левица

Македонија | пред 4 дена

media-library69q48b557u3aeb3wjTm

Левица: Економскиот „раст“ на Мицкоски е статистичка илузија

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања