Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица: Таравари и Кочубовски да го вклучат црвениот аларм поради екстремните температури

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

,,Само Република Македонија од земјите во регионот има високи прагови на црвени аларми кога станува збор за опасноста од екстремните временски услови. Имено, црвениот праг според постоечките правилници е на фрапантни 44 степени Целзиусови, а Институтот за јавно здравје најавува зголемување и на тој праг!

Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје во неколку наврати ја залажува јавноста дека црвениот праг од 44 степени Целзиусови е во нормални граници. Ваквиот скандалозен став само потврдува дека властите воопшто не се грижат за здравјето на обичниот народ.

Кочубовски ѝ стана познат на јавноста уште во поставата на Министерството кога на чело беше Тодоров, откако изби скандалот дека водата во Дојранско Езеро е загадена и дека се забранува за капење. Кочубовски тогаш излезе во јавноста да ја брани тогашната Влада на ДПМНЕ, тврдејќи дека постои нов правилник, според кој водата воопшто не е загадена, туку има одличен квалитет и може слободно да се користи.

​​​​Истото залажување на јавноста го гледаме и сега, кога се потребни реални решенија за заштита на ранливите категории и хроничните болни, а Владата преку Кочубовски ги изложува на ризик работниците, хроничните болни и децата, само за да го заштити интересот на газдите.

— реклама —

Левица алармира дека постоечкиот праг од 44 степени Целзиусови за издавање на црвен аларм е премногу висок и не го рефлектира вистинскиот ризик по здравјето на населението. Институтот ИТНО треба да го ревидира и прилагоди прагот за алармирање, земајќи ги предвид најновите научни сознанија и препораки од меѓународните здравствени организации!

Владата треба ИТНО:

- да воведе флексибилно и скратено работно време за работниците;

— реклама —

- да иницира ослободување од работа на хронично болните и онколошките пациенти;

- да организира информативни кампањи и обуки за заштита од топлина;

— реклама —

- да спроведе засилени инспекции и санкции за непочитување на мерките;

- да обезбеди дополнителна грижа и помош за старите лица, болните и другите ранливи групи преку мобилни здравствени тимови и климатизирани јавни простори сè со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на сите граѓани!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања