Промени тема
Контакт

Левица: Тежок криминал во ,,Кромберг и Шуберт" врз грбот на работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
FB_IMG_1721567417010

,,Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт" е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми. Криминалниот ланец помеѓу управата во најпрофитабилниот германски гигант во Македонија долго време функционирал беспрекорно.", велат од Левица и додаваат:

Моментално се отпуштени неколку лица од директориумот и се под строг финансиски претрес поради ПРОНЕВЕРА на финансиски средства, кои требало да завршат кај вработените како бонус. Овие лица криминално се богателе, додека работниците на пеколни температури се масовно експлоатирани, дискриминирани и оштетени за профитот на поединци.

— реклама —
— реклама —

Финансиската полиција започнува да врши истрага за сите инволвирани кои го изработувале финансискиот дел за вработените во Битола, Скопје и Србија. Информациите кои пристигнаа до нас тврдат дека се вршела проневера на пари преку хотелиерски услуги, помеѓу склучени договори за престој на вработени во фабриката во Скопје кои доаѓале од Битола.

— реклама —

Претходно, Левица испрати претставка до Трудов инспекторат поради дојави за кршење на работничките права, каде вработените беа приморани да работат повеќе од законски дозволеното. Ја информираме јавноста дека по завршувањето на истрагата, граѓаните ќе имаат информација, со име и презиме, кој се богател врз потта на обичниот работник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ВМОР-ДПМНЕ мисли дека народот е идиот - итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Правдата во Македонија бавно доаѓа, но и да дојде, прашање е дали ќе опстои - осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор“, вели Левица

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, вели Левица

Македонија | пред 1 седмица

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Седуммина починати за едно лето - западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а Институтот за јавно здравје го прекина неделното информирање за епидемијата

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања