„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Левица убива деца“ – партијата најави тужба против Богојески поради скандалозната изјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
levica

Партијата Левица најави тужба за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност против, како што го нарекуваат, „владиниот функционер“ Петар Богојески.

— реклама —

Во соопштението испратено до јавноста, од Левица велат дека повод за овие правни чекори е „срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава“ на Богојески, кој е „актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски“.

„Скандалозните јавни обвинувања дека ‘Левица убива деца’ не се само злонамерни, налудничави и целосно неосновани, туку претставуваат директно поттикнување омраза и загрозување на безбедноста на нашите членови“, посочуваат од партијата.

— реклама —

Дополнително, според нив, прогласувањето на сите левичари за „психопати“ од страна на лице „кое со децении е носител на високи извршни функции во државната администрација“, претставува „игнорантно, неодговорно, а во неговиот случај и простачко однесување“.

Од Левица оценуваат дека се работи за „политичка злоупотреба на трагичниот настан во Прилеп“, со „паушално поврзување со Левица“, што, според нив, е „циничен и безобзирен обид за политичко профитирање и дискредитација на политички противници од страна на власта“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања