Промени тема
Контакт

Левица: Владата на Мицкоски ги штити коцкарските бизниси поврзани со корупција и поткуп во Австрија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryamtl2tpvst70aAoDqS8

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари.

— реклама —

„Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,Novomatic AG", која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата.

Додека македонските граѓани тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската ,,Novomatic" извлекуваат милионски профити од зависноста и социјалната беда. Само една од нивните компании во Македонија – ,,ХТЛ Мацедониа" – во 2025 година остварила чист профит од над 955.000 евра! Особено скандалозно е што токму кога австриското обвинителство официјално подигна обвинение против сопственикот на австриската ,,Novomatic" за поткуп и корупција поврзани со коцкарски лиценци во Австрија, владата на Мицкоски предлага закон со кој коцкарските компании ќе продолжат да плаќаат симболични давачки.

— реклама —

Според предлог-законот на Владата, лиценцата за автомат клуб изнесува само 100.000 евра за период од шест години. Тоа значи дека само една фирма поврзана со ,,Novomatic" - за само една година заработува девет пати повеќе од износот што го плаќа за лиценца за период од шест години. Ова е јасен доказ дека законите не се пишуваат во интерес на граѓаните, туку во интерес на коцкарските лобија.

— реклама —

Се поставува логичното прашање: како е можно власта на ВМРО-ДПМНЕ да предлага толку ниски давачки за индустрија која врти милиони, ако зад тоа не стојат политички договори, клиентелизам и коруптивни релации?

Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е под директно влијание на коцкарското лоби, кое со години ја поткопува државата преку политички врски, мито и привилегирани лиценци. Наместо заштита на јавниот интерес, Владата се претвора во сервис на странски коцкарски корпорации со сомнително корупциско минато.

— реклама —

Додека во европските држави се отвораат истраги за поткуп и влијание врз политичари, во Македонија истите тие компании добиваат повластен третман, ниски давачки и законски решенија скроени по нивна мерка. Тоа е уште еден доказ дека власта на Мицкоски не води борба против криминалот и корупцијата, туку ја институционализира“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

apasiev

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината - 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија заштитена од ДПМНЕ

Македонија | пред 44 минути

— реклама —
media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 2 дена

pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 2 дена

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања