Промени тема
Контакт

Левица: Власта именува директор на затвор од ЗНАМ гонет за несовесно работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Levica

,,На последната Седница на Владата за в.д. директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ. Јанески во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари!

Токму тогаш, ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за милионската проневера од Јанески. Очигледно е дека криминалните кадри од СДС се инкорпорираа во ЗНАМ, со цел да добијат АМНЕСТИЈА од Мицкоски преку нивниот влез во власта.

— реклама —

Левица јавно ја повикува Владата на ДПМНЕ, наместо да дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални (кои душмански ја краделе државата) - да ги достави документите за нивното криминално работење до Обвинителството и овозможи фер и транспарентна постапка да се докаже дали и за колку е оштетен народниот буџет.

— реклама —

Дополнително, потсетуваме дека Емил Јанески е незаконски назначен за в.д. директор (исто како и Пандов), затоа што тој не е вработен во установата за чиј прв човек се назначува.

— реклама —

Согласно законот, за вршител на должност, исклучително може да се назначи лице само од редот на вработените.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ВМОР-ДПМНЕ мисли дека народот е идиот - итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Правдата во Македонија бавно доаѓа, но и да дојде, прашање е дали ќе опстои - осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор“, вели Левица

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Економскиот успех не се мери според тоа колку убаво премиерот ќе ја претстави статистиката, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро“, вели Левица

Македонија | пред 1 седмица

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Седуммина починати за едно лето - западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а Институтот за јавно здравје го прекина неделното информирање за епидемијата

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања