Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Левица во Пекинг на дијалог со Комунистичката партија на Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
468184550_1147866753363054_2317023603394508491_n

Потпретседателот на Левица,Реџеп Исмаил, заедно со портпаролот на Партијата, Амар Мециновиќ, на покана на Комунистичката Партија на Кина, земаа учество во Дијалогот за соработка на КПК со политичките партии од земјите на Централна и Источна Европа, кој во рамките на иницијативата CEEC се одржа во главниот град на НР Кина - Пекинг, извести Левица.

Темата на овој дијалог е „Модернизацијата на НР Кина и новите перспективи и можности за соработка со земјите од Централна и Источна Европа: Придонесот на политичките партии".

— реклама —

Во рамки на првата сесија на Дијалогот, која се одржа вчера, како претставник на Левица, единствена партија од Република Македонија, се обрати Потпретседателот на партијата и пратеник во Собранието на РМ, Реџеп Исмаил.

— реклама —

Исмаил, истакнувајќи ја важноста на соработката со НР Кина за целиот регион, подвлече дека искуството и модернизацијата на НР Кина е пример за успешноста на социјализмот наспроти либералниот капитализам кој ги разори поранешните социјалистичките земји од Источна и Централна Европа.

— реклама —

Развојот на НР Кина е сведоштво и доказ за правилните одлуки на КПК, додека пак социјализмот со домашни карактеристики, како идеен темел, претставува светлост кон патот до праведно општество.

Во своето излагање Исмаил се осврна на важноста на соработката со НР Кина на земјите од нашиот регион, идентификувајќи три предности во рамките и можностите на оваа соработа:

Политичка предност од соработката со НР Кина, поради принципите на заедничка корист, подеднаков, фер третман и целосна почит кон суверенитетот, кои ја карактеризираат соработката на НР Кина со другите земји.

Економската и финансиска предност поради веќе докажаната стабилна и просперитетна економија на НР Кина која е во корист на својот народ, но и другите околу него.

И третата предност од соработката, Исмаил ја идентификува во географската положба на регионот како мост на трговијата помеѓу целиот европски континент и НР Кина - со што на целиот регион му дава можност да ја зацврсти својата положба во меѓународните односи и да обезбеди благосостојба за своите граѓани.

Крајно, земајќи ја предвид економската криза која се наговестува во ЕУ, логично е НР Кина да се наметне и да претставува важен партнер на Европа во развивањето на економијата и создавање на позитивни последици за сите земји на ЕУ, како и останати земји на континентот, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија - Бараме итен инспекциски надзор, велат од Левица

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Животот стана луксуз за работникот - инфлацијата го јаде и тоа малку што остана, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2025-05-22-at-10.14.49

Крмов: Да видиме дали СДСМ ќе ги блокира препораките од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица

Македонија | пред 4 дена

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Ристов ќе удри по џебот на најсиромашните – укинувањето на евтината тарифа ќе ги зголеми сметките

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања