Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Лично го водам процесот“: Мицкоски најави нови мерки за пониски цени на храната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Премиерот Христијан Мицкоски најави детална анализа на цените на прехранбените производи, посочувајќи дека лично е вклучен во процесот на идентификување на производите што влијаат врз потрошувачката кошница.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува намалување на цените на храната, Мицкоски рече дека Владата темелно навлегува во проблематиката и работи на нова методологија за следење на цените.

„Лично јас се занимавам со идентификување на тие 600 производи што влегуваат во статистиката и тоа за мене е врвен приоритет“, изјави премиерот.

— реклама —

Тој се повика на последните податоци на Евростат, според кои основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа и изнесува околу 49,7 проценти од европскиот просек.

— реклама —

„Дали е тоа доволно? Не е доволно. Треба да продолжиме да работиме и ќе работиме. Работам на методологија за идентификување на тие 600 до 700 производи што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме. Ако треба, фактура по фактура ќе ги анализираме“, рече Мицкоски.

Според него, секој производ ќе биде поединечно анализиран со цел да се утврди каде постои простор за интервенција и подобрување на состојбата.

— реклама —

„Ова е темелна операција што лично ја водам и очекувам многу скоро да даде резултати кои ќе бидат видливи на терен“, истакна премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања