Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Лидија Димова осудена на две години затвор за злоупотреба на службена положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
lidija-dimova

Основниот кривичен суд во Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Таа е осудена на казна затвор од две години.

— реклама —

Пресудата предвидува и парична обврска – Димова треба да плати судски паушал од 10 илјади денари, како и да ги покрие судските трошоци. Во рок од шест месеци таа е задолжена да ја врати и штетата настаната врз Националната агенција, во износ од 22,7 милиони денари.

— реклама —

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја ослободи Димова од обвинението за измама, а третата обвинета, Ана Павлиду, одговорна за „несовесно работење во службата“.

— реклама —

Во образложението беше наведено дека со несовесно и нестручно постапување Димова овозможила противправна корист за трети лица, што резултирало со штета од 2,818 илјади денари на европските фондови. „Кога станува збор за делото измама, недостига опис за тоа како конкретно е извршено и со кои лажни податоци е предизвикана штетата. Без вакви елементи нема основа за обвинение за измама, поради што судот мораше да донесе ослободителна одлука,“ појасни судијката.

Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска го застапуваше обвинението, поднесено во јуни 2022 година.

Според Обвинителството, во периодот од 2018 до 2020 година, како директорка на Агенцијата, Димова ја злоупотребила функцијата и овозможила значителна имотна корист за други лица. Таа постапувала спротивно на Законот за јавни набавки и на Законот за основање на Агенцијата, кршејќи ги принципите на законитост, еднаквост и јавност. Без да објави јавен конкурс, склучувала договори со надворешни лица кои ги ангажирала како експерти, обучувачи и соработници, при што ги дискриминирала потенцијалните кандидати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања