„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лимани oбјасни во кој случај Беса ќе гласа против внесувањето на Бугарите во Уставот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230425200854

Беса ќе гласа против вклучувањето на Бугарите во Уставот, доколку формулацијата „20 отсто“ не се замени со „албански јазик“. Потпретседателот на партијата, Фатмир Лимани, во емисијата „200“ на Алсат, која ќе биде емитувана вечерва, вели дека Беса не е против вклучување на Бугарите во Уставот, но инсистираат да се прифати нивниот амандман.

— реклама —

„Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20 отсто. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се избрише 20 отсто како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против“, вели Лимани.

Лимани рече дека Беса не условува, затоа што „сите партии се согласни да се брише „20 отсто“ од Уставот“. Кажа дека лидерот на ВМРО Христијан Мицкоски не е против бришење на оваа одредница и нејзина замена со „албански јазик“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kasami-2

Касами откри зошто не отиде на средбата со албанскиот премиер Еди Рама

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања