Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Лишени од слобода измамници во Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6897

На 26.06.2025 во 13.05 часот во Велес полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес ги лишиле од слобода Д.К.(65) од Штип и 46-годишната Т.К. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 25.06.2025 во 17.20 часот во СВР Штип 47-годишна жена пријавила дека од страна на едно лице и било понудено работа преку интернет, за што оштетената испратила свои лични податоци, кои подоцна биле злоупотребени и во нејзино име било аплицирано за брз кредит, па на нејзина сметка од финансиско друштво биле уплатени 40.000 денари. Потоа, телефонски и се јавило друго лице и од неа побарало да му ги врати уплатените пари, бидејќи наводно по грешка и биле уплатени на нејзината трансакциска сметка, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полициска станица. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници за расчистување на случајот.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

На оштетената и се дадени обележани банкноти за да му ги даде на лицето кое и се јавило и побарало да ги предаде парите на лице кое ќе дојде со такси возило на локација во Велес. Откако ги предала парите, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К., кој го управувал возилото и Т.К., која била во возилото. Со нив е извршен службен разговор во просториите на СВР Велес, а по добиена судска наредба извршен бил претрес во домот каде престојува Т.К., при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела. При извршениот службен разговор со Т.К., констатирано е дека истата во содејство со П.С., кој е на издржување на казна затвор во КПД Штип сториле повеќе кривични дела на истиот начин. Од страна на затворски службеници во КПД Штип извршен е претрес на П.С., од кого е одземен еден мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0us05j4159dle3DUNq0

Приведени двајца осомничени пиромани во Македонски Брод и Долнени

Македонија | пред 17 минути

media-librarygie3r8ces75vex5smBO

Детали за сообраќајката во која загина 19-годишниот мотоциклист: Уапсен возачот кој избегал од местото, има и видео

Скопје | пред 1 час

media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Скопје | пред 19 часа

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања