Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

На 12.07.2025 во 14.00 часот на улица „Браќа Миладинови" во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Љ.Т.(64) од Тетово.

— реклама —

При вршење на увид на претходно случена сообраќајна несреќа, полициските службеници утврдиле дека Љ.Т. управувал патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици, а било видливо дека е под дејство на алкохол и побарале да го алкотестират, но Љ.Т. одбил. Поради тоа Љ.Т., е однесен во Клиничката болница Тетово, за утврдување на нивото на алкохол во крвта, а потоа е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297а од КЗ „безобѕирно управување со возило".

— реклама —
— реклама —

На 13.07.2025 во 03.00 часот на улица „Светозар Пепоски" во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.Т.(44) од Гостивар, кој управувал патничко возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистерски таблици, под дејство на алкохол, однсоно му биле измерени 2.08% промили алкохол во крвта.

— реклама —

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryilec84k529dkdfkZoIX

МВР: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Шестмина уапсени за безобѕирно управување со возило, возеле без дозвола или под дејство на алкохол

Македонија | пред 16 часа

media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

Агресивно се однесувал кон мајка си, приведен 47-годишник од Гевгелија

Македонија | пред 16 часа

media-librarynrdvdbth46nk8SO8sQe

63-годишник нападнал 11-годишно дете со дрвен предмет во Тетово

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања