Промени тема
Контакт

Љупчо Николовски: Скандалозно, ЕУ потврди дека Министерството за земјодели ги напуштило реформите во шумарството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library15avp68u3h9d2tSKMl1

По вчерашната изјава на премиерот Мицкоски дека „интензивно се работи на ЕУ агендата“, реагираше поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој на својот Фејсбук профил напиша дека  “фактите го покажуваат спротивното и дека ЕУ Делегацијата во Скопје официјално потврди оти Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството“.

„Не опозицијата, не некој друг – туку самата ЕУ го вели тоа,“ истакна поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

— реклама —

Тој во својата објава потсети дека во неговиот мандат, на негово барање, преку ЕУ беа обезбедени 1,5 милиони евра и поддршка за целосна трансформација на секторот. Како резултат на тоа, беа изработени нов европски Закон за шумите, Закон за формирање Агенција за шумите и шумската полиција, Закон за трансформација на ЈП „Македонски шуми“ и интегриран ИТ-систем за контрола на дрвната маса и шумските пожари.

— реклама —

„Но, за жал, ДПМНЕ ги повлече законите и реформите ги напушти, а софтверите за следење на дрвната маса се нефункционални – бидејќи некому очигледно му одговара хаосот, а не европски стандарди и контрола,“ потенцира  Николовски.

— реклама —

Поранешниот министер во својата Фејсбук објава посочува и дека зад ваквите одлуки стојат „антиЕУ центри на моќ кои прават сѐ да не се успее“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc9u3lnkkvubk2v4bN2a

Објавени пет јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
zemjodelstvo

Исплатени над 260 милиони денари поддршка за повеќе од 1.600 земјоделци

Македонија | пред 6 месеци

media-library130j8ffain4s1ZwzTyq

Министерство за земјоделство: Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги – Мерка 131.1

Македонија | пред 6 месеци

media-librarya4gs1ooqtessaIo13HP

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, поддршката се зголемува за вистинските земјоделци

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања