Промени тема
Контакт

Љутков: Делото на Светите Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4092

„Денеска ги чествуваме сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Нематеријалната култура е стожерот на нашиот идентитет. Македонскиот јазик, нашата писменост се најзначајните репрезенти на нашата земја“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ која е во рамките на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.

— реклама —

„Создавањето на старословенското автономно писмо и глаголската и кириличната азбука е историски настан од исклучителна духовна, општествена, политичка и културна важност. Далекусежни се мислите за описменување на словенскиот род од светите браќа Кирил и Методиј, рамни на неповторливо визионерство“, заклучи тој.

Љутков додаде дека мисијата на светите браќа Кирил и Методиј била стратешка, државничка, политичка. А, мисијата резултирала како обединувачки културен чинител на словенските, словенизираните и на другите балкански и европски народи.

— реклама —

„Ова духовно и културно наследство не прави особено горди, не само нас Македонците, туку цели 11 века претставува репрезентативен, духовен, мемориски чин за сите словенски народи. Без нивната самопожртвуваност светот ќе беше посиромашен за цела една цивилизациска распространетост. Тие го посееја семето на писменост, но ја посееја и љубовта кај своите ученици. Во прв ред кај Климент и Наум тоа семе да се размножува, да трае“, рече Љутков.

— реклама —

„Патриотизмот на 21 век бара квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето. Истовремено освојување на светските уметнички сцени, градење општествени економски и политички релации во светот кои значат вклучување во светкиот крвоток. Но, не како претопување во туѓото туку со својата индивидуалност и интегритет збогатувајќи тој крвоток со свој печат. Оттука доколку сакаме од друга страна да им оддадеме почит на нашите светители и просветители, а од друга страна да ја направиме нашата татковина силна, просперитетна и стабилна мораме со сите сили да си ја впрегнеме одговорноста. И така впрегнати да дадеме се од себе и да продолжиме каде што застанале сите оние кои ги чествуваме и на кои се одгледуваме“, порача Љутков.

Тој укажа дека осврнувајќи се на последните години од културолошката депресија неопходно е враќањето на македонското национално достоинство заради одржување и надградување на македонскиот културолошки код. Но, не како работна обврска туку како основа на нашето постоење.

— реклама —

„Денес имаме цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со восхит и со гордост македонска и општословенска јазична писмена книжевна и духовна култура како една од водечките во светот. И од овде како генерација Македонци порачуваме и ветуваме дека нема да бидеме срамот туку ќе бидеме бедемот на македонското постоење“, нагласи Љутков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 40 минути

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 46 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања