Промени тема
Контакт

Лукаревска: Како ќе се реши проблемот на Детска клиника, во ризик е здравјето на децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarym0248ev3h7hb2LqzSje

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница постави пратеничко прашање до заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, во кое побара одговор како Министерството ќе го реши проблемот со околу 50 вработени на Клиниката за детски болести кои, како што рече, веќе шест месеци не земаат плата.

Лукаревска оцени дека здравствениот систем се соочува со сериозни проблеми, посочувајќи на недостиг на медицински кадар, незадоволство кај пациентите и вработените, несоодветни услови во здравствените установи, како и бројни скандали кои, според неа, дополнително го нарушуваат функционирањето на здравството.

— реклама —

„Имаме проблеми, застој и незадоволство на секој чекор. Недостига медицински кадар, има несоодветни услови во клиниките, револтирани пациенти кои се во животозагрозувачка состојба поради несоодветен третман, како и бројни судски спорови за неисплатени дежурства и прекувремена работа“, истакна Лукаревска.

Таа се осврна и на состојбата на Клиниката за детски болести, нагласувајќи дека вработените неодамна протестирале пред Министерството за здравство поради тоа што не примиле плата во изминатите шест месеци.

— реклама —

„Нивниот статус сè уште останува нерешен. Најголемиот проблем е што е загрозен животот на децата на кои им е потребна редовна контрола, терапија и соодветна грижа. На овие деца не им помагаат прес-конференции ниту префрлање на одговорноста од една на друга институција“, рече Лукаревска.

— реклама —

Пратеничката побара одговор кој ќе понесе одговорност за ваквата состојба и како Министерството планира да го надмине проблемот.

Таа додаде дека, и покрај заложбите наведени во владината програма за ефикасен и достапен здравствен систем, реалната состојба, според неа, покажува поинаква слика.

Лукаревска се повика и на најновиот Индекс за здравствена заштита на „Намбео“ за 2026 година, според кој Македонија е рангирана меѓу земјите со најлошо оценети здравствени системи, особено во делот на квалитетот на здравствените услуги, инфраструктурата и времето на чекање за лекување.

На крајот, таа побара конкретен одговор од Министерството за здравство за тоа кога и на кој начин ќе биде решен проблемот на Клиниката за детски болести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Мицкоски најави 1.000 евра просечна плата а нема 600 евра за минимална, на бајките нема крај“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Македонија | пред 4 часа

media-libraryjfqruma9sjia1aAk49y

СДСМ: Арамијата собра сто луѓе, многу помалку отколку за Илинден - на празникот на оние што се бореа против Ванчо Михајлов

Македонија | пред 22 часа

media-library71skfr6mlp2c6c2wNgf

(Видео) Со песната „Во борба, македонски народе“, македонски знамиња и пораки за антифашизмот, СДСМ одржа марш во Прилеп

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања