Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryfsd8uq8ll92jc1aiE8k

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.

Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

— реклама —

„Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе“, рече Лукаревска.

Таа посочи дека Владата нема стратегија за раст на доходот и нема никакви алатки за да ја сопре инфлацијата, која и понатаму е висока.

„Нема развој, нема реформи, нема повисоки плати, нема мерки за сиромаштијата, има само задолжување, кратење и непродуктивно трошење. Ова е буџет на хартија, без капацитет да донесе подобар живот“, порача пратеничката.

— реклама —

Лукаревска потенцираше дека буџетот што го предлага Владата не е развоен, иако така се претставува пред јавноста.

„Само 9% од вкупните расходи се за капитални инвестиции, додека огромни 91% одат на тековни, непродуктивни трошоци. А,  намалувањето на капиталните расходи за 7 милијарди денари покажува дека оваа влада нема капацитет за развој, ниту намера да инвестира во иднината“, посочи Лукаревска.

— реклама —

Таа предупреди дека Владата крати пари токму таму каде што најмногу треба да се инвестира: во животната средина, каде има намалување од 14,1%, што е опасно во услови на загаден воздух и недоволна инфраструктура за отпадни води,  во правосудството, со намалување од 48,9% во програмата за владеење на правото, спротивно на сите препораки на ЕУ, во енергетиката, каде нема исполнети реформи, во образованието и науката, со сериозни намалувања додека училиштата немаат учебници и неопходни ресурси.

Лукаревска посочи дека Владата планира огромно ново задолжување од 1,7 милијарди евра нов долг, односно 950 милиони евра преку еврообврзница, 350 милиони евра од странски извори и 400 милиони евра дома.

„Јавниот долг ќе надмине 62%,  ниво кое меѓународните институции го сметаат за ризично за ваква економија. Владата ја турка државата во финансиска нестабилност“, нагласи Лукаревска.

— реклама —

Таа укажа и на забелешките на Европската комисија, кои се целосно игнорирани.

„Европската комисија јасно укажува на нереални политики, одложена фискална консолидација, инвестиции ‘на хартија’, слаба реализација на капитални проекти и непродуктивни трошоци. Наместо да ги поправи овие слабости, Владата ги продлабочува“, додаде Лукаревска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library2cmec3vv0c32cZIPDqd

Серафимовска: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 1 ден

Glavna-fotka-1

СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

Македонија | пред 1 ден

pari-1

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања