Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Лукашенко со критики за тимот на Трамп: Нека не се лутат...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
putin-i-lukasenko

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека американскиот предлог-план за прекин на војната во Украина е „функционален“ и може да послужи како темел за преговори, но предупреди дека документот е изработен во голема брзина и дека мора да се прецизира „до последниот метар“. Изјавата ја даде пред новинарите во Бишкек, пренесува репортер на белоруската агенција БЕЛТА.

Лукашенко откри и дека долгиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин го потврдил нивниот заеднички став: планот, во својата сегашна форма, не е конечен.

— реклама —

„Разговаравме многу долго. И тој и јас засега гледаме недовршена, неофицијална верзија. Кога документот ќе биде доставен преку официјални канали, тогаш ќе може да зборуваме за конкретни работи“, рече Лукашенко.

Тој сепак нагласи дека основата е добра. „Денес кажав дека планот е функционален. И Владимир Владимирович признава дека тоа е добра основа за преговори.“

— реклама —

„Нека не се лути тимот на Трамп, но планот е составен на брзина. Мора да се претстави во форма прифатлива за сите – без широко толкување. Ако се решаваат територијални прашања, сè мора да биде дефинирано до метар, километар. Кои единици, каде стојат, кој треба да биде присутен, а кој не. Сè мора да биде запишано до најситната ситница. Инаку секој ќе може да го толкува на свој начин“, истакна тој.

Според Лукашенко, целата работа на американската страна била „огромен напор“, иако јавноста го критикува документот дека премногу ги земал предвид руските позиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ukraina-pozarnikari

Киев предупредува: Белорусија би можела да влезе во војната против Украина

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarypf4drgqr6bje8iDfAgW

(Видео) Туристка ја посети „најевтината земја“ во Европа: Оброкот го плати само 1 евро

Магазин | пред 1 месец

media-libraryqc6b7uvp4oscdJ9VGIC

Белорусија со итен повик на воената резерва крај западната граница

Свет | пред 3 месеци

media-libraryt20qb9lkkkob3MFYgta

Белорусија остана надвор од Одборот за мир – не добиле визи за патување во САД, и покрај официјалната покана

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања