Промени тема
Контакт

Лукровски: Два мега паркови, Парк 1020 и Хајкинг Делта парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryhdjevgnk90j850O3jUh

Сотир Лукровски кандидат за градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, при што истакна дека неговата кандидатура е мотивира од желбата за придонес кон општото добро во општината Карпош. Притоа, Лукровски ја сподели неговата визија за тоа како ја гледа општина Карпош во наредните четири години.

„Карпош да биде разеленет, исчистен, да им овозможиме на луѓето да имаат паркинг места, со бизнис заедницата да поработиме тие се можност за нашите млади, за вработувања, за развивање на подобар Карпош, со сите групации на граѓани, спортисти, култура, да направиме еден Карпош каков што го паметиме пред години“, вели Лукровски.

Лукровски сподели дека во неговата програма е предвидено формирање на јавно претпријатие Карпош план и појасни што ќе биде предмет на работа на истото. Исто така нагласи дека Карпош ќе се гради плански, транспарентно во соработка со граѓаните.

„Планираме формирање на јавно претпријатие Карпош план кое ќе се занимава со изработка на сите оние ДУП-ови, ревизија на старите, со легализациите кои се голем проблем на граѓаните кои со години чекаат. Карпош ќе се гради, да го градиме плански, да го градиме транспарентно, да биде тоа еден инклузивен процес со граѓаните“, појасни Лукровски.

— реклама —

Во делот на транспарентноста на општината, Лукровски ја презентираше и идеата за изработка на апликацијата „Мој Карпош“ која ќе им овозможи на граѓаните на Карпош пристап до навремени информации за тековни културни и спортски настани во општината, за вадење на документи, како и увид во трошењето на средствата на општината.

— реклама —

„Планираме да направиме апликација „Мој Карпош“, преку која граѓаните ќе ја имаат општината на дланка. Со еден, два, три клика да можат да стигнат до сите информации, дали ќе биде тоа што се нуди во тековниот месец од културни настани, спортски, одредени информации за вадење на документи. Меѓудругото ќе можат во секое време преку финансиските извештаи да видат како општината ги троши нивните средства“, рече Лукровски.

Во делот на зелената агенда, Лукровски како кардинални проекти ги најави и изградбата на двата мега паркови, Парк 1020 и Хајкинг Делта Паркот.

— реклама —

„Два големи мега парка, паркот кој го нарековме 1020, во делот на течението на Лепенец од Бардовци ќе се протега покрај Злокуќани, према Влае, тука имаме негде околку 500.000м2 државна земја, голем парк со ботаничка градина, картинг стаза со европски стандарди, терен за голф, забавни содржини за најмладите. Во делот на Средно Водно, заедно со Градот, Хајкинг Делта Парк, од подножјето над последните куќи во Карпош, од 3 точки ќе се поаѓа во близина на црквата Свети Јован, па централно, па во Нерези, вело патеки, пешачки патеки. Три патеки кои на крајот ќе завршуваат во една, тој појас ќе го појачаме со 10.000 нови автохтони дрва, ќе допридонесеме за нова вегетација, ќе издградиме и летниковци“, заврши Лукровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС велат „Македонија не е на продажба“, а токму тие ги распродаваа националните интереси

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Дури и градоначалник од СДСМ го поддржува ископот на антимон, но партијата е против

Македонија | пред 1 ден

media-libraryum9e73haldib5ZFDLee

ВМРО-ДПМНЕ: И талогот пресушува, соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Македонија | пред 1 ден

media-libraryb2jm4bvgmfguaGC5f8x

ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања