Промени тема
Контакт

„Лукровски се врати во Карпош: Значи прифати да одговара за Мицкоски?“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryg4mr75t9b87jcyuxP2O

СДСМ преку соопштение обвини дека враќањето на Сотир Лукровски на функцијата градоначалник на Општина Карпош не е негова лична одлука, туку резултат на притисок од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека Лукровски, кој по речиси два месеца отсуство повторно ја презеде функцијата, претходно имал намера да поднесе оставка, но, како што тврдат, тоа не му било дозволено.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не сакала да ризикува предвремени локални избори во Карпош, поради што, како што велат, Лукровски бил принуден да остане на функцијата.

— реклама —

„Ова е уште еден доказ за начинот на кој функционира системот на Мицкоски. Луѓето се поставуваат на функции за да ги штитат партиските интереси, а не интересите на граѓаните. Кога некој ќе се обиде да се повлече, му се врши притисок да остане“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Оттаму оценуваат дека Лукровски прифатил да остане градоначалник и да ја преземе одговорноста за политиките на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението, СДСМ прашува колку други градоначалници и министри се на функции против своја волја, само за, како што велат, владејачката партија да ја задржи контролата врз институциите.

Од партијата додаваат дека граѓаните на Карпош заслужуваат функционална локална власт која ќе работи во нивен интерес, а не, како што тврдат, според партиски директиви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library71skfr6mlp2c6c2wNgf

(Видео) Со песната „Во борба, македонски народе“, македонски знамиња и пораки за антифашизмот, СДСМ одржа марш во Прилеп

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Од 32 на 19,3 проценти – бројките го покажуваат падот на ВМРО

Македонија | пред 12 часа

media-library752h05roicf34cJytLV

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Македонија | пред 15 часа

sdsm-i-mickoski

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања