Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Луксембург, Малта и Монако ја признаа државата Палестина на Генералното собрание на ОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина на вчерашното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Ова е почеток на обновена посветеност кон надежта, дипломатијата, дијалогот, соживотот и решението со две држави. Тоа е идеја кревка, но сепак можна – дека мирот може да надвладее“, изјави премиерот на Луксембург, Лук Фриден, додавајќи дека одлуката не е насочена против Израел или неговиот народ.

— реклама —

Во меѓувреме, Андора и Белгија најавија дека ќе ја признаат Палестина откако ќе бидат ослободени сите заложници и кога Хамас повеќе нема да биде на власт. Белгискиот премиер Барт де Вевер порача дека воспоставувањето дипломатски односи и отворањето амбасада во Палестина ќе се реализира по исполнувањето на условите од Њујоршката декларација.

Во последните денови се забележува бран на нови признанија. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера исто така ја призна државата Палестина, истакнувајќи дека тоа е „чекор за мир меѓу израелскиот и палестинскиот народ“ и дека Франција останува верна на својата историска посветеност на Блискиот Исток.

— реклама —

Пред два дена Палестина ја признаа и Обединетото Кралство, Канада и Австралија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytt6084dauftd8zflrG9

Политички судир во Словенија околу палестинското знаме – Јанша бара отстранување, претседателката го истакна на Претседателската палата

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-librarysl47erbhktib6ZA9dWo

Прегратки и солзи, последните заложници на Хамас се со семејствата

Свет | пред 7 месеци

gaza-palestina-zname

Војната во Газа: Шансите за мировен договор се навистина добри, тврди Трамп

Свет | пред 7 месеци

netanjahu

Словенија ја затвори вратата за Нетанјаху поради кршење на човековите права

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања