Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Маѓар разговараше со фон дер Лајен за замрзнатите милијарди: „Крајно успешно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryr5ge5iu1adlb6nVJmop
screen shot x peter magyar

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, изјави дека денеска имал „крајно конструктивни и успешни“ разговори со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за замрзнатите европски средства, за кои рече дека наскоро ќе пристигнат во Унгарија.

Европската комисија претходно го блокираше пристапот до средствата, оценувајќи дека владата на премиерот во заминување, Виктор Орбан, ги прекршила стандардите на Европската Унија во областа на владеењето на правото.

Дел од замрзнатите средства, меѓу кои и 11 милијарди евра од европскиот план за закрепнување по пандемијата со коронавирусот, мора да бидат повлечени до средината на август, или ќе бидат неповратно изгубени.

Маѓар, по средбата со фон дер Лајен, на Фејсбук објави дека повторно ќе отпатува во Брисел кон крајот на мај за да постигне конечен политички договор за деблокирање на средствата.

— реклама —

„Европската Унија не наметнува услови што би биле спротивни на интересите на нашата земја“, напиша Маѓар.

— реклама —

По состанокот, фон дер Лајен изјави дека имале „многу добар разговор“.

„Ги разгледавме чекорите неопходни за отклучување на европските средства наменети за Унгарија, замрзнати поради загриженост за корупцијата и владеењето на правото“, напиша таа на платформата Икс.

— реклама —

Официјални претставници од двете страни веќе двапати се сретнале по изборната победа на партијата Тиса на 12 април, со која Маѓар обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот, што му овозможува и уставни измени.

Маѓар денеска се сретнал и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg6dsu5vk38qtffiuWIq

(Видео) Маѓар возеше џет-ски и се забавуваше со синовите: „Сè платив од свој џеб“

Свет | пред 1 седмица

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар оди на сè или ништо: Покренува процедура за смена на шефот на државата, во план се и директни избори

Свет | пред 1 месец

media-librarysatjib7bbq1q0KHSJxe

Унгарскиот премиер бара средба со Зеленски, но постави услов

Свет | пред 1 месец

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар замина во Австрија, обидувајќи се да ги поправи односите по Орбан

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања