Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Петер Маѓар по поразот на Вучиќ: „Ви звучи познато?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryjvmdcvjcn8la9pmiT7F

Унгарскиот премиер Петер Маѓар реагираше на изборните случувања во Србија, откако Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори, а прелиминарните процени покажаа дека студентската листа обезбедува самостојно мнозинство.

— реклама —

„Во Србија, Александар Вучиќ го објави својот пораз. Студентската листа освојува апсолутно мнозинство на изборите. Низ цела Србија започна славје на улиците. Ви звучи познато?“, напиша Маѓар на Фејсбук.

— реклама —

Неговата порака доаѓа нешто повеќе од шест месеци по парламентарните избори во Унгарија, на кои неговата партија Тиса го победи Фидес на Виктор Орбан и стави крај на неговото 16-годишно владеење.

На изборите одржани на 12 април, Тиса освои 141 од вкупно 199 пратенички места, а Маѓар на 9 мај ја презеде премиерската функција.

— реклама —

Со прашањето „Ви звучи познато?“, унгарскиот премиер алудира на сличностите меѓу изборните случувања во Србија и политичката промена што претходно се случи во Унгарија.

Студентската листа во Србија прогласи победа, додека конечните резултати треба да ги потврди Републичката изборна комисија. Истовремено, Вучиќ призна пораз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv6qeg9eu4i7reNXGh7F

Маѓар: Протестите во Франција покажуваат зошто е потребна строга миграциска политика

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg6dsu5vk38qtffiuWIq

(Видео) Маѓар возеше џет-ски и се забавуваше со синовите: „Сè платив од свој џеб“

Свет | пред 3 месеци

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар оди на сè или ништо: Покренува процедура за смена на шефот на државата, во план се и директни избори

Свет | пред 4 месеци

media-librarysatjib7bbq1q0KHSJxe

Унгарскиот премиер бара средба со Зеленски, но постави услов

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања