Промени тема
Контакт

Густа магла предизвика проблеми со летовите на скопскиот аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Поради густата магла што ја покри скопската котлина, видливоста на Меѓународниот Аеродром Скопје е значително намалена, што денеска доведе до откажување на 20 летови и пренасочување на еден лет, соопштија од ТАВ Македонија.

По 11 часот на аеродромот успешно слетаа авионите од Дортмунд и Виена, а во моментов се очекува полетување на летот за Хамбург. Според најавите од метеоролозите на М-НАВ, намалената видливост ќе продолжи и во остатокот од денот, како и утре.

— реклама —

ТАВ Македонија апелира до сите патници редовно да ги проверуваат информациите за своите летови кај авиокомпаниите, нагласувајќи дека аеродромот е отворен и сите капацитети функционираат. Аеродромот се затвора само во исклучителни ситуации, кога некој од основните капацитети за авио-операции не е во функција или во случаи на вонредни околности.

Пилотите, во согласност со минималната видливост која ја прифаќа секоја авиокомпанија, одлучуваат дали летовите ќе се слетуваат или пренасочуваат на друг аеродром. Сите промени во распоредот на летови се објавуваат во реално време на веб-страницата на аеродромот https://skp.airports.com.mk/, како и на пултот за информации достапен 24/7 на телефонскиот број 02 3148 333.

— реклама —

Вчера, истата временска состојба предизвика 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетаа и три полетаа по подобрувањето на временските услови во попладневните часови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Повторно воспоставен авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија

Свет | пред 2 седмици

media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Ryanair може да се соочи со високи казни поради спорните такси за седишта

Свет | пред 2 месеци

avion

„Кроација ерлајнс“ ги намалува летовите од Загреб кон Скопје и Сараево

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Сè поскапи летови меѓу Европа и Азија, растат цените на авионските билети

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања