Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Напаѓачите не попуштија ни кога ние пристигнавме“, сведоштво за брутално претепан малолетник во Риека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library2s1rsphcvmtr1uye75x

Бруталното претепување на 16-годишно момче рано наутро во центарот на Риека ја вознемири јавноста, а за нападот се осомничени тројца браќа Винковиќ. Двајца од нив – Јосип и Тихомир – се во истражен затвор, додека третиот брат, Домогој Винковиќ, е во бегство и по него трага полицијата.

— реклама —

Според досегашните информации, Јосип (29) и Тихомир Винковиќ се товарат за обид за убиство на 16-годишникот и за обид за нанесување тешка телесна повреда на 20-годишно момче кое се обидело да му помогне на нападнатиот. Денеска и вториот брат е спроведен во истражен затвор.

Мајката на претепаниот малолетник, Сузана Цури, за весникот Нови лист изјави дека насилството не престанало ниту кога таа и сопругот пристигнале на местото на настанот.

— реклама —

„Го држев во прегратка, цел беше крвав. Само се обидував да го заштитам од нови удари. Напаѓачите не запираа ни кога стигнавме. Имаше туркање и закани. Насилството престана дури со доаѓањето на полицијата и Итната медицинска помош“, изјавила таа.

Нападот се случил околу 4:30 часот наутро во центарот на градот. Според снимките од безбедносните камери и досегашните сознанија, во нападот учествувал и третиот брат, кој, според извори блиски до жртвата, бил најагресивен и најмногу удирал додека момчето лежело на земја. По апсењето, и тој треба да биде изведен пред обвинител и истражен судија.

Тихомир Винковиќ денеска бил донесен на рочиште под засилено полициско обезбедување. Од возилото бил изведен брзо и спроведен во судската зграда преку заден влез, со качулка на главата, обидувајќи се да го сокрие лицето од камерите.

Таткото на жртвата за Јутарњи лист изјавил дека станува збор за обид за убиство и најавил дека семејството ќе поднесе кривична пријава и ќе покрене приватна тужба против напаѓачите.

Според неговите зборови, неговиот син седел на клупа и јадел бурек кога еден од осомничените му пришол и го прашал „Што гледаш?“. Кога момчето одговорило дека не гледа ништо, добило шлаканица. Откако станало и го оттурнало напаѓачот, останатите се нафрлиле врз него.

Семејството се доселило во Риека пред два месеца од Лошињ и, како што вели таткото, момчето не ги познавало напаѓачите ниту претходно имало каков било контакт со нив. Додека го тепале, тие наводно извикувале: „Знаеш ли кои сме ние“, „Ние сме мафија“ и „Полицијата работи за нас“. Истрагата за случајот е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygl3rp9r7727j0glH7xV

Бродот на Тито „Галеб“ настрада во Риека од турски товарен брод

Свет | пред 1 седмица

media-library1t2fvkpoocpe7wSRDm5

Голем пожар во Риека: Огнот проголта станови, пронајдено тело

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања