Македонија доби нов европски шампион во мотоциклизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryr5mt4p91fo63aS7OUvF

Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков годинава се впиша меѓу најдобрите на континентот, освојувајќи ја титулата европски шампион во БМУ серијата. Со упорност, дисциплина и стабилни настапи во текот на сезоната, тој обезбеди историски успех за македонскиот мото спорт.

— реклама —

Во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде стотици љубители на моторите го поздравија за европскиот подвиг. По повод празникот 8 Ноември, Мијалков доби и специјално признание од градоначалникот Иван Јорданов, како знак на благодарност што го промовира градот и државата надвор од границите.

Петар Мијалков уште од дете го посакувал возбудливиот свет на мотоциклизмот, но поради недоволни финансиски можности подолго време не можел да започне со професионални тренинзи. Првиот мотор го набавува во 2017 година, почнува на улични патеки, а подоцна преминува на вистински тркачки патеки. Како натпреварувач се појавува од 2023 година, но многу брзо се пробива меѓу најуспешните.

— реклама —

Во 2024 година ги освојува титулите европски вицешампион и државен шампион, а оваа година доминира и на меѓународната и на домашната мото сцена, освојувајќи ги највисоките позиции на шампионатите.

Надвор од пистата, Мијалков е посветен на семејството. Три години е во брак со сопругата Стефанија, со која го има синот Драган, а семејството наскоро ќе добие нов член – мотив плус што, како што вели самиот, му дава сила за нови врвови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Мотоциклист тешко повреден во несреќа кај Скудриње

Македонија | пред 5 месеци

motor

Мотоциклист загина во несреќа кај струмичкото село Штука

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања