(Видео) На местото каде што беше прегазена Фросина – мотоциклист дивеел, а со снимка се исмева и „Сејф сити“
Снимка од мотоциклист кој со голема брзина се движи по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, претекнува непосредно пред пешачки премин и го подигнува моторот на едно тркало, е објавена на социјалната мрежа Тикток. Особено вознемирувачки е што маневарот се изведува кај Универзалната сала, на местото каде што на 29 јануари 2025 година беше смртно прегазена 22-годишната Фросина Кулакова.На видеото е испишана пораката „сејф сити 😉“, со емотикон што намигнува, што може да се протолкува како исмев
Скопје | пред 2 седмици