Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Македонија добива национална фабрика за вештачка интелигенција: „Везилка“ ја отвора вратата кон иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library22g48i2tbsj00eyYtQq
vezilka.ai

Македонија денеска ќе го направи еден од најзначајните чекори во областа на дигиталниот развој со официјалното претставување на „Везилка“ – Националната фабрика за вештачка интелигенција, чија цел е да го поттикне технолошкиот напредок и да ја вклучи земјата во европските иницијативи за развој на вештачката интелигенција.

— реклама —

Проектот е координиран од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Министерството за дигитална трансформација.

— реклама —

„Везилка“ е воспоставена во рамките на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU), а проектот е кофинансиран од Европската Унија преку програмата „Хоризонт Европа“.

Преку соработката со грчката фабрика за вештачка интелигенција „Фарос“, Македонија ќе стане дел од европските напори за развој на доверлива, иновативна и етичка вештачка интелигенција, насочена кон потребите на граѓаните.

— реклама —

Еден од најважните сегменти на проектот е создавањето збирки на податоци и дигитални ресурси на македонски јазик, што ќе овозможи поголема застапеност на македонскиот јазик и локалните специфики во идните системи базирани на вештачка интелигенција.

Од ФИНКИ посочуваат дека „Везилка“ ќе придонесе за зајакнување на дигиталниот суверенитет на државата, ќе ја забрза дигиталната трансформација на јавниот сектор и ќе отвори нови можности за научноистражувачка работа, претприемништво и развој на иновативни технологии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања