Промени тема
Контакт

Македонија гласаше против Резолуцијата за борбата со глорификација на нацизмот во ООН, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
465951760_1139437530872643_7194300136233149214_n

„Владата се промени, вазалски пристап во надворешната политика останува. Македонија е целосно подредена на западните империјалистичките интереси. Ова го потврдува новото гласање на Македонија во ООН „Против“ Резолуцијата која ги осудува современите форми на фашизам и нацизам“, велат од Левица.

— реклама —

„Имено, во Генералното собрание во ООН, со 116 гласови „За“, уште еднаш беше усвоена нацрт-Резолуција за ,,Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“.

— реклама —

Слепото следење на надворешно-политичкиот курс воден од земјите кои припаѓаат на т.н. Колективен запад и игнорирањето на македонското анти-фашистичко минато и АСНОМ-ските вредности, не ги одразуваат ставовите и принципите за кои македонскиот народ се борел во минатото, а ги вреднува и денес.

— реклама —

Следејќи го трендот на величење на балисти и ревидирање на антифашистичкото минато на Македонија, потсетуваме дека Пратениците на Левица уште во 2022 година, во Собранието поднесоа Резолуција против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици. Тогашната власт, на спикерското место со Џафери, оваа резолуција ја заклучи во фиока.

— реклама —

Очекуваме надворешната политика која ја води Тимчо Муцунски да не се разликува по ниту еден параметар од неговиот претходник Бујар Османи. Оттука Левица останува единствениот политички фактор што ги изразува ставовите на граѓаните по однос на надворешно-политичките прашања, кои очигледно се тотално различни од она што го претставува и претходната, а и актуелната Влада“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања