Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонија го чествува 11 Октомври - Денот на народното востание: Симбол на македонската слобода и борбата против фашизмот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
b9834986-resize-820x0x100

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ кој го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ) во Вардарска Македонија.

— реклама —
— реклама —

Тоа е важен темел во борбата за самобитност и самостојност. Продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото,Разловечкото,  Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување.

— реклама —

Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред и акциите кои тие ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата. Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година, започнаа вооружените  акции и во Кумановско.  Во месноста Менкова колиба беше формиран Карадачкиот партизански одред, којшто заедно со Кумановскиот партизански одред формиран во месноста Студена вода ги интензивираше воените дејствија до 17 октомври 1941 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски со честитка: 11 Октомври е аманет да ја чуваме татковината и да продолжиме да ја градиме

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarybq9mkreq5ol2bY3Le9I

(Видео) „Би дал сè од себе да ја решам секоја мака на народот“, вели Мицкоски кој додава дека можат и повеќе

Македонија | пред 2 седмици

media-library81grpsreoi0d08qJ268

Левица со комеморативен настан во Прилеп одбележа 85 години од антифашистичкото востание во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-library9hjscpok5j2k9aNGJ6A

Левица: Честит 11 октомври - 85 години од востанието што го кренаа комунистите!

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања