Промени тема
Контакт

„Македонија ја сакам исто колку што Мицкоски и Црвенковски ја сакаат“, вели Али Ахмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
ali-ahmeti

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека Охридскиот договор не смее да биде предмет на политики што би можеле да ги загрозат правата утврдени со него, особено во однос на албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност.

На дебатата посветена на 25-годишнината од Рамковниот договор, Ахмети ги повика политичките чинители да избегнуваат, како што рече, фолклор и емоции и наместо тоа да се насочат кон мирот, стабилноста, безбедноста и европската интеграција на земјата.

— реклама —

Тој истакна дека Македонија ја смета за своја земја и дека неговата поврзаност со државата е длабока и семејна.

— реклама —

„Ја сакам Македонија, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука“, порача Ахмети, додавајќи дека земјата ја сака исто колку и Бранко Црвенковски и Христијан Мицкоски.

Ахмети оцени дека од Охридскиот договор не треба да се отстапува, особено кога станува збор за албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност.

— реклама —

Според него, придобивките од договорот се гарантирани од САД, Европската Унија и НАТО и се резултат на долгогодишни напори.

— реклама —

„Не велам дека тоа е само резултат на Албанците, не велам дека само Албанците победиле со Рамковниот договор, победи и македонската нација“, рече лидерот на ДУИ.

На панел-дискусијата учествуваше и поранешниот премиер Владо Бучковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

(Видео) Ќе даде ли Ахмети интервју на македонски?

Студио | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryqtqthavq3i57aXWEl7G

(Видео) Ахмети маршираше во Приштина за поранешните лидери на ОВК: Правдата и слободата мора да одат заедно

Балкан | пред 3 седмици

ali-ahmeti

Ахмети за Бела и Халими: „Сигурен сум дека Албанија не им нанесува неправда на Албанците“

Македонија | пред 1 месец

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

„Не треба ситуацијата во земјата дополнително да се влошува“, вели Ахмети и повика на предвремени избори

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања