„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Македонија на листата на земји каде може да се „купи“ државјанство со инвестиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

„International Living“ објави анализа за програмите „државјанство преку инвестиција“ (CBI), кои им дозволуваат на странци да добијат државјанство и пасош ако инвестираат или донираат, при што се споменува и Македонија. Интересот расте, особено кај богати лица што бараат „план Б“ за патување, преселување и заштита од политички/економски ризици. Првата програма почнала во 1984 во Сент Китс и Невис, а денес е глобална индустрија вредна милијарди. Обично се бара вложување во недвижности, бизнис или државен фонд, со строги проверки за потекло на средствата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Порталот „International Living“ објави анализа за земјите во светот каде странци можат да добијат државјанство, односно пасош, преку инвестиција, а на листата се споменува и Македонија.

— реклама —

Станува збор за таканаречени програми „државјанство преку инвестиција“ (Citizenship by Investment – CBI), кои им овозможуваат на странски државјани да станат граѓани на одредена земја доколку инвестираат средства или донираат во економијата на таа држава.

Според анализата, интересот за вакви програми значително се зголемил во последните години, особено кај богатите поединци кои бараат „план Б“ – можност за слободно патување, преселување или заштита од политички и економски ризици.

— реклама —

Авторите објаснуваат дека за да се добие пасош од друга држава, најпрво мора да се стекне државјанство. Иако повеќето држави не ја поддржуваат продажбата на државјанство, одредени земји сепак нудат вакви програми како начин за привлекување инвестиции.

Првата ваква програма била воведена во 1984 година во карипската држава Сент Китс и Невис, по што слични шеми почнале да применуваат и други земји, главно како начин за обезбедување приходи без зголемување на даноците.

Денес, пазарот на „пасоши преку инвестиција“ е глобална индустрија вредна милијарди долари, а најчести причини за интерес се поголема слобода на патување, безбедност и можност за диверзификација на имотот.

Во анализата се наведува дека овие програми обично бараат инвестиција во недвижности, бизнис или директна донација во државен фонд, а повеќето земји спроведуваат строги проверки за потеклото на средствата на апликантите.

media-libraryvrcq42aff9lbeWrqBjU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-33-9580PM

Скопјанец патувал низ светот со стар пасош, искуството го сподели јавно

Коментари | пред 2 години

IMG_3348

„Вадам пасош по итна постапка, поминав низ голгота и ми ставиле туѓа слика“ - граѓаните се жалат дека им грешат и лични податоци

Коментари | пред 2 години

IMG_4197

Рашковски негира дека барал пасош, испрати и свој став

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања